Здравјето во малите голтки

downloadЕве неколку напивки, кои на вашето дете ќе му помогнат побрзо да оздрави.

Овошни сокови

Овошните сокови содржат овошје, многу често содржат адетиви и шеќер. Ако детето јаде нормално, не претерувајте со овошните сокови, подобро дајте му сок кој ќе биде свежо исцеден.

Вода

Сите знаеме колку е важно конзумирањето на вода. На детето ставете му при рака пластично шише со вода. Доколку има болки во грлото, во никој случај не му дозволувајте да пие ладна вода или вода од фрижидер. Детето треба да пие свежа вода или вода која била на собна температура.

Чаеви

Чаевите на детето му се даваат без ограничување. Многу подобро ќе биде доколку чајот го засладите со лажичка мед од колку со шеќер. Медот има голема моќ и го подобрува искашлувањето.

Млеко

Не е препорачливо пиењето на млеко, доколу вашето дете има грип. Во првите три дена млекото и млечните производи не треба да се земаат затоа што млекото е тешко сварливо.

Advertisement