00030076

Биолошкиот часовник не работи само кај жената, туку и кај мажот, покажуваат последните анкети. Ако, кај жената ја намалува работоспособноста на јајниците,  кај мажот го зголемува ризикот од генетски мутации.

Децата кои имаат повозрасни татковци е поверојатно да заболат од психички нарушувања како аутизам и шизофренија.  Ако таткото, на пример е најмалку 45 години, ризикот од такви болести во неговото потомство се зголемува за 34 отсто во споредба со татковците на 25-29 години, пишува британскиот весник “Телеграф”. Ова е потврдено од истражување направено на речиси 3 милиони деца.

Еве што вели раководителот на истражувањето, професорот Џон Макграт од Универзитетот во Квинсленд, САД: “Луѓето треба да знаат дека не е безбедно да прават деца по 40-годишна возраст”.

Мажите се способни да изработуваат сперма цел живот. Зачнувањето многу зависи од возраста на таткото. Иако ризиците од страна на мајката, на таа возраст се многу поголеми, пишува БГНЕС.

loading...
Сподели