Здравите луѓе имаат милион желби, додека болните само една, како да оздрават!

Верица Пандиловска е една од најпознатите македонски поп пејачки, која позади себе има огромен број на музички хитови. Таа го поседува еден од најмоќните гласови на естрадата. Пред месец ипол по подолга пауза, Пандиловска  на своите фанови им го престави својот нов видео клип за темата Кактус. „Мое здравје“ со неа разговараше на тема, како таа се грижи за своето здравје, што најчесто јаде, дали вежба….

verce1. Може ли да ни кажете како го одржувате вашето здравје

Пандиловска: Здравјето е најбитниот сегмент од човековиот живот. Секогаш внимавам на изборот на храната, која што ја консумирам. Јадам храна подготвена строго во Цептер садови, што значи варена, без вода и печена, без маснотии.  Вистинскиот начин на живот и исхрана ми помага да се чувствувам подобро и полесно. Здравите луѓе имаат милион желби, додека болните имаат само една желба, а тоа е како да оздрават.  На сите ќе им препорачам, да си го чуваат здравјето, бидејќи тоа е единствениот начин за долговечен живот.

2. Што најчесто се храните и кое ви е омилено јадење?

Пандиловска: Најчесто јадам овошје и зеленчук, меѓутоа, често дел од ручекот ми е и рибата. Речна или морска риба на скара ми е омилено јадење.

3. На кој начин ја одржувате вашата линија?

Пандиловска: Линијата најчесто ја одржувам со правилна исхрана

4. Дали вежбате и што најчесто?

Пандиловска: Вежбам, а Атлета е мојот омилен фитнес клуб, кој ми е целосна поддршка долги години наназад.

5. Сметате ли дека диетите придонесуваат за намалување на тежината или тоа го прави здравиот начин на живот?

Пандиловска: Диетите во одредени ситуaции се можеби делотворни, но со моментален ефект. Поентата не е, само да се намали некој килограм. Главната битка со килограмите е да се дојде до сопствената идеална тежина на здрав начин и што е најбитно, таа да се задржи со тек на годините. Успехот се состои во опстојување со вистинската тежина, а не само неа да ја достигнеме и по одреден период, повторно да се вратиме на старата килажа.

verce2

6. Како би ги советувале младите генерации да се грижат за нивното здравје?

Пандиловска: Пред се, би ги советувала да внимаваат на храната, бидејки таа може да го продолжи или скрати нашиот живот. Изборот е наш. Кога сте гладни, не јадете се што ќе ви дојде при рака!

7. Од што се состои еден ваш дневен оброк?

Пандиловска: Наутро, секогаш пијам една чаша сок од цедено овошје. Јадам лажичка мед и обавезно пијам чаша црно кафе. Потоа, ужина ми е мини бар по избори или сезонско овошје. Ручам салата со парче месо. Што значи, витамини, протеини и минерали.

 

Advertisement