ЗД е најнов моден додаток на вашиот смарт – фон, нешто што ви ветува незаборавно уживање и забава, но изгледа дека ова искуство е многу опасно за вашето здравје.3d telefoniНаучниците предупредуваат дека ЗД- техниката може да предизвика оштетување на видот и главоболка бидејќи бара голема концентрација на окото на екранот и истовремено приспособување на предметите кои се „поблиску“  во ЗД- приказот. Луќето што учествуваа во истражувањето се чуствувале непријатно кога предметите почнале да им се појавуваат пред екраните, наместо на нив. Колку предметите биле поблиску до гледачот, толку непријатноста била поголема. Кога се во прашање големи екрани и ЗД, окото има поголемо чувство дека гледа „низ прозорец“, па непријатноста е многу помала. Научниците се надеваат дека ќе постават одредени параметри и дозволи пред 3д- мобилните телефони да влезат во широка продажба.