Збогум на шлајмот

Ве мачи кашлица и имате потешкотии да го исфрлите шлајмот, па од таа причина денеска ќе ви напишаме, еден доста ефикасен лек за борба против шлајмот:

Сипете во термос по една иситнета  лажица трева од подбел, камилица и тегавец и половина литар зовриена вода.Оставете да отстои два часа, исцедете, па земајте по половина чаша топол одвар, трипати дневно пред јадење.

Наместо овие треви, може да се користат, поединечно или во какви било комбинации, листови од слез и еукалиптус, плодови од малина и канадска суволетница, корен од ангелика и слатко дрвце, цветови од невен и липа и многу други треви што имаат противвоспалително својство и дејствуваат и против  рчење.

Scroll To Top