Исхраната богата со антиоксиданси би можела да им помогне на вашите бели дробови да се изборат со загаденоста од воздухот, покажува една студија.Истражувачите од Империјал колеџот во Лондон откриле дека пациентите со астма или хронична опструктивна болест на белите дробови, почесто доаѓаат на болничко лекување во деновите кога загадувањето на воздухот поголемо.

Аеросолите исто така предизвикуваат оксидативен стрес во организмот и го зголемуваат ризикот од срцев удар.Меѓутоа, истражувачите откриле дека лицата кои имаат повисоко ниво на витамин Ц во крвта имаат помали шанси да завршат во болница кога воздухот е позагаден од вообичаено.

Oва откритие „придонесува кон се поголемиот број докази дека ефектите од загадување на воздухот можат да се регулираат со антиоксиданси, вели Мајкл Бројер, научник од Универзитетот во Британска Колумбија.

Со истражувањето се опфатени 209 лица кои се примени во лондонската болница.

Претходно, истражувачи од Корнел универзитетот откриле дека исхраната богата со антиоксиданси ги чува функциите на белите дробови.

Докажани се и позитивните ефекти на витаминот Ц и Е, како и селенот, а исто така витаминот Ц може да ги заштити белите дробови од озон.

ХРАНА БОГАТА СО ВИТАМИН Ц

Витаминот Ц не се задржува долго време во нашето тело, па затоа треба да се внесува секојдневно. Тој е застапен во зелените зеленчуци, доматите, црвените плодови (капинки, малинки, боровинки), цитусите (портокали, лимони, грејпфрут), магдоносот, компирите и др.

При консумирањето на витамин Ц преку исхраната треба да внимавате, затоа што тој многу лесно губи од својата вредност во процесот на готвење. Витаминот Ц не е многу издржлив ниту на висока, ниту на ниска температура. Овошните плодови и зеленчуците готвени 10-20 минути губат половина од витаминот Ц кој што го содржат.

Затоа, зеленчуците и овошјето јадете ги свежи или гответе ги на пареа. Така ќе внесете максимално количество од овој толку важен витамин.

Сподели