Загрејте го домот со помош на алуминиумската фолија

Ладната зима која е пред нас би можеле да ја направиме попријатна доколку искористиме еден едноставен и умен трик со фолија, во која веруваат милиони луѓе. Многу е едноставно…

Обичната алуминиумска фолија поставете ја позади радијаторот, како би ја рефлектирала топлината и вашиот дом би го направила уште потопол. Посебно се препорачува за сите оние што се греат на струја, затоа што на овој начин ќе ја намалат потрошувачката на електричната енергија со што и сметките за струја, а притоа нема да се смрзнуваат.

Се што ви е потребно е парче подебел картон, со големина колку радиаторот (грејното тело), за да ја покрие неговата цела поврчина. Замотајте го со алуминиумска фолија (за домаќинство) и тоа неколку пати и поставете го веднаш зад радијаторот, (може и да се закачи на зид).

Познато е дека алуминиумската фолија ги рефлектира светлоста и топлината, па на овој начин вашиот дом ќе стане потопол, затоа што делот на енергијата што го топли зидот позади радијаторот, директно ќе се враќа во вашиот стан. Фолијата ја чува топлината на вашиот стан!

Scroll To Top