Зачувајте ја младоста!

убаво лице

Како ќе изгледа  вашата кожа во староста, зависи само една третина од генетиката, а остатокот зависи само од вас, на кој начин сте ја негувале т.е.како сте се однесувале со неа цел живот. Затоа во продолжение ви даваме неколку совети, кои ќе ви помогнат кожата во зрелата доба да изгледа најдобро што може.

Посебно внимание треба да се обрати на најкритичните делови, како што е кожата околу очите, која е најчуствителна, бидејќи е целосно тенка, односно нема масно ткиво под неа. Затоа важно е порано да почнете со хидрантни креми, што ќе го хидратизираат ова чуствително подрачје. Доколку на тие чуствителни делови ви се појавиле брчки, можете да ги негувате со препарати на база на просо или на соја, кои ќе направат лифтинг – ефект.

Она што жените најчесто го прескокнуваат во текот на негата на телото се вратот и деколтето, кои се еднакво критични зони. Секој ден во текот на негувањето на лицето со хидрантен крем, морате да поминете и низ вратот и деколтето и да ја нахраните кожата на тие делови. Доколку користите пилинг или маска за лице, нив користете ги и за тие делови од телото. Доколку таму веќе ви се појавиле брчки ,тогаш користете крем кој е на база на ретинол, кој ќе ја нахрани кожата и ќе ја направи мазна и мека.

За да не ви се појават брчките и старски пеги на рацете, односно за да ја одложите нивната појава, пред секое излегување од дома, рацете заштитете ги со заштитен фактор. Доколку веќе ви се појавиле брчки, тогаш негувајте ги со производи наменети за отстранување на хиперпигментацијата.

Пред спиење секогаш отстранете ја шминката од лицето, а кожата нахранете ја со хидратантен ноќен крем. По 20-та година од животот, почнете да го негувате подрачјето околу очите, кое е посебно чуствително.

Пред излегување на сонце,  вашата кожа намачкајте ја со висок заштитен фактор, за да се заштити од штетното зрачење и од исушување, кое е погодно за создавање брчки.

Advertisement