Поточарката е често заборавена билка за која експертите веруваат дека е најздрава во светот.

Станува збор за зеленчук кој содржи многу важни витамини и минерали, како што е железото. Ако им се верува на истражувањата, оваа билка содржи повеќе железо од спанаќот и повеќе витамин Ц од некои цитруси.

Освен тие хранливи материи,поточарката нуди и големи здравствени предности. Имено, една неодамнешна студија утврдила дека поточарката го запира и го намалува оксидативниот стрес, а исто така ја прочистува крвта, го поттикнува апетитот и го чисти телото од токсини. Многу луѓе често пијат сок од поточарка, а се препорачува негово пиење разредено со вода во сооднос 1:5. Препорачаната доза е една чаша на секои неколку недели, не повеќе од тоа, затоа што може да се појават несакани ефекти.

Сокот од поточарка може да се применува локално (надворешно), во лечење на која било состојба на кожата и косата. Сѐ што треба е само да нанесете сок на зафатената област или пак да го користите во вид на облоги, па конечно ќе можете да се ослободите од проблемот на губење на косата и многу кожни проблеми. За да направите облога од поточарка, треба да искршите малку листови од оваа билка и да ги помешате со алкохол, а потоа да ја ставите на зафатеното место и да ја замотате со завој. Оставете ја така облогата да стои неколку часа, а потоа отстранете ја и измијте ја областа со ладна вода. Исто така сокот од поточарка може да го запре растот на туморот и метастазирањето, а некои експерти тврдат дека има моќ да спречи и бројни кардиоваскуларни проблеми, како и ширење на ракот на дојката.

Сподели