Столисник, ајдучка или Ахилова трева од дамнешно време е позната како лек за зацелување на раните, подобрување на апетитот, кај стомачните тегоби и во гинеколошките проблеми.

Оваа билка расте по ливадите, пасиштата и шумските области.

Се поврзува со грчкиот митски јунак Ахил, кој според легендата оваа билка ја носел во воените походи и ја корител за лекување на ранетите војници. Во нашите краеви го добила името ајдучка трева, по ајдуците кои ја користеле за лекување на раните.

Билката во себе содржи изовалеријански киселини, салицилна киселина, танини, флавоноиди, стероли и аспарагин. Таа е диафоретик (го потикнува потењето), адстригенс ( делува на површинско собирање на ткивото, суши и ги зацелува раните), антифлогистик ( против воспаление на сите системи), колеритик ( за успешна работа на црниот дроб и потикнува лачење на жолчната киселина), еменагог ( го стимулира и нормализира менструалниот циклус) и благ ароматик.

Темно синото ароматично масло добиено од цветовите на оваа билка се користи како антиинфламаторно средство.

Ова масло треба е да се втрие во градите при настинки и грип. Листовите од ајдучката трева содржи материи кои ја потикнува коагулацијата на крвта при крварење, така да слободно може да се користат свежи листови при крварење од носот.

Надземните делови од билката се користат и како горчлив дигестивен тоник, кој го стимулира лачењето на жолчна киселина и делува како диуретик. Одличен е како тоник за крвта, бидејќи ја поттикнува циркулацијата, а се користи и за снижување на високиот крвен притисок. Многу е корисен при промените во менструалниот циклус.

Исто така се користи и при болки во стомакот и сите гастроинтестинали пореметувањеа и крварења.

Рецепт за припрема чај од ајдучка трева:

Две мали лажички сушени цветови и листови се преливаат со 2 децилитри врела вода, се поклопува садот и се остава да отстои 10 минути.

Се пие при проблеми со бубрезите и црниот дроб, при желудочни и цревни болести, чир на желудникот и гастритис и др. Маслото од оваа билка може да се користи при воспаление на хемороидите.

Употреба:

Возрасни – 1 шолја наутро и 1 шолја чај пред спиење.

Деца – 1 мала шолја на ден.

Чајот од ајдучка трева се употребува и за лечење на хемороиди. Исто така во народната медицина се користи како антиинфламаторно средство, при женски проблеми, како цисти на јајниците, нередовна менстуација и бело прање.

Освен тоа чајот може да го користите и како облоги за зараснување на раните.