За каков здравствен проблем алармираат торбичките под очите?

00028903Ќесите под очите се кошмарот на илјадници жени во светот. Причината за појавата на круговите е истекување на лимфата во областа на очите, каде што кожата е многу тенка . Бојата, пак се должи на крвните садови кои поминуваат под нив. Меѓу најчестите причини за ќесите под очите се тешка ноќ, претерување со алкохол и цигари, долга работа на компјутер при слаба светлина, секојдневен стрес, продолжено читање, итн.

Друг ефект од овој тип оптоварување е главоболката и најтешкото концентрирање и фокусирање на очите. Единствениот лек за нив се паузата и здравиот начин на живот. Нема креми кои ги третираат крвните садови, со што кожата ќе ви стане понежна, или пак ќе ве ослободат од уморот .

Американските научници дошле до заклучок дека, се потребни само 15 минути пауза за секој час поминат пред компјутер. Пожелно е од време на време да го тргате погледот од мониторот кон подалечни објекти .

Aлергија

Многу жени сметаат дека појавата на темни ќеси под очите се резултат на старост, но излегува дека најчесто не се само годините виновни за оваа појава. Алергиските реакции се честа причина за непријатните ефекти на кафеаво сивите кеси . Тие можат да бидат одговор на организмот кон различни супстанции во воздухот – полен, прашина и бактерии . Организмот може да реагира негативно и кон некои состојки во алкохолните пијалоци или други опојни и смирувачки материи.

Можат да бидат наследни

Кај некои луѓе, крвните садови се наоѓаат во непосредна близина на очите. Ова е една од причините да се појавуваат т.н. темни кругови. Само една ноќ помината во силно затемнето место во комбинација со прекумерно количество алкохол, дава како резултат темни кругови .

Физиолошки дисбаланс

Темните кругови можат да се појават и како последица на нарушена размена на материите во организмот. Во овој случај треба да се намали употребата на цигари, алкохол, сол и различна зачинета храна .

“Да” на спиењето

Најчеста причина за појава на ќеси и кругови под очите е ненаспаност. Кога организмот не е одморен доволно, кожата станува бледосива, а крвните садови – полесно забележливи. Причинители можат да бидат и недостаток на железо во крвта.

Scroll To Top