За да спречите рак, јадете барем еден оброк со карфиол!

karfiol10
Карфиолот веќе подолго време е дел од светската кујна, но дури од неодамна научниците му дадоа значење на важен продукт во борбата против ракот. Тој исто така е вистински зеленчук за сите што се борат против вишокот килограми. Едно парче леб од 13 гр. има иста енергетска вредност како и 100 гр. карфиол. Тој е одличен извор на витамин А, витамин К (важен за минерализација на коските) витамин Ц,  фолна киселина, бета-каротен, железо и протеини.

Овој зеленчук се препорачува во диетална исхрана, како и во исхраната на трудниците. Карфиолот има голем придонес во борбата против ракот, астмата, стресот, хемороидите, недостигот на апетит, дијабетесот, менопаузата, остеопорозата, проблеми со косата, метаболизмот и простатата. Тој исто така помага при чистењето на организмот и е важен продукт во исхраната на малите деца.

За намалување на развојот на рак пожелно би било да консумирате барем 2-3 пати неделно по еден оброк направен од карфиол. Тој како и брокулата треба помалку да се вари за да ги задржи сите својства, кои му се потребни на организмот. Овој зеленчук се користи во салати ,запечен, похован, во супи како додаток или како главен продукт во крем супите.

Advertisement