За да не го пренесете вирусот кога доаѓате дома: Oва се работите што треба да ги направите!

Во ерата на вирусот корона, сите ни кажуваат дека хигиената е единственото нешто што може да нè спречи од оваа растечка опасност.

Ако сте биле надвор во град: продавница, аптека, на работа или во јавен превоз, ви препорачуваме да го направите следново: На јавни места, не заборавајте да носите хируршки ракавици и маска. Во отсуство на истото, облечете ги зимските ракавици и ставете марама над носот и устата.

Избегнувајте контакти (ракување, гушкање) и не потпирајте се на која било површина. Избегнете го присуството во градскиот превоз.

Кога ќе се вратите дома:

  • Соблечете ги чевлите надвор пред вратата.
  • Извадете ги ракавиците (ако носите ракавици за еднократна употреба тие се фрлаат во корпа и зимските ракавици мора да се мијат во машина за перење на 60 степени Целзиусови).
  • Отстранете ја маската (или доколку носите марама исперете ја во машината за перење).
  • Соблечете ја облеката и ставете ја целата во перална, освен вашата јакна.
  • Измијте ги рацете темелно.
  • Користете хартија раце за да се избришете или пешкир што е лично ваш, кој ќе го  менувате секој ден.
  • Испрскајте ги чевлите со асепсол и оставете ги пред вратата (можете да наполните плиток леген со млака вода и средство за дезинфекција, а потоа во него да ги измиете чевлите).
  • Дезинфицирајте ги вратите, рачките, бравите, прекидачите, ѕвончињата итн.
    После сето ова, повторно измијте ги рацете со сапун и вода.

Само кога ќе го направите ова, можете да го поздравите семејството.

Забелешка: Додека вирусот трае, се препорачува сите членови на домаќинството да имаат своја крпа за раце и лице што ќе се менува на крајот на денот.

Приборот за јадење мора да биде добро измиен и стерилизиран.

Работите што ги носиш од продавниците мора внимателно да ги донесеш во домот. На пример, храната што е во конзерва, јогурт, млеко и шишиња сок мора да се измијат пред да се стават во ладилник.

Внимавајте на хигиената, тоа е половина здравје!

Advertisement