За да бидете здрави, јадете ги овие зачини:

luk nane gumbir

За да останете здрави и алергиите да не ве напаѓаат, потребно е да го одржувате имунитетот, а во тоа значајно ќе ви помогнат следните зачини, за кои е научно e докажано дека помагаат во заштитата од настинки.

Нане

Нането е природен извор на ментол, па чајот од нане помага при запушени синуси и воспалено грло. Секојдневната консумација на чај од нане ќе ви го зајакне имунитетот, а истражувањата покажуваат дека истиот е ефикасен и за намалување на телесната температура. Доколку не сте љубител на чаеви, ливчињата нане додавајте ги во салата, супа или варива.

Лук

Иако има непријатна миризба, лукот треба да го воведете во секојдневната исхрана. Избегнете ги суплементите од лук бидејќи неговата природна форма е најздрава, најсигурна, повкусна, поефикасна и попристапна. Сепак, доколку земате лекови против згрутчување на крвта или се подготвувате за операција, посоветувајте се со лекар пред да косумирате големи количини на лук.

Ѓумбир

Ова е еден од омилените зачини во кујните ширум светот. Бројни истражувања докажале дека ѓумбирот го подобрува здравјето на целокупниот организам, а неговите антимикробни и антивирусни својства ќе ве одржат здрави сред оваа сезона на променливи временски услови. Ѓумбирот може да се додава во вид на вкусен зачин во разни јадења, а може да го консумирате и како чај.

 

 

Scroll To Top