Време е за кисела зелка!

kiseli kupus
Зелката е многу здрав и лековит зеленчук. Содржи многу корисни витамини и минерали, а особено е богата со витамин Ц. Една шоља изрендана зелка ги задоволува дневните потреби на организмот за овој витамин, кој е јак антиоксиданс. Витаминот Ц го јакне имунолошкиот систем на организмот и се бори против слободните радикали, кои можат да доведат до оштетување на клетките и до појава на разни заболувања. Витаминот Ц го успорува и старењето на кожата и ја зачувува нејзината еластичност. Одличен е и за лекување на заболувањата на црниот дроб. Освен витамин Ц, зелката содржи и многу калциум, калиум, железо, витамини од групата Б, бета каротин и други витамини и минерали.

Црвената зелка содржи повеќе витамини и минерали од зелената. Има 6-8 пати повеќе витамин Ц од зелената и во 100 г свежа црвена зелка има 196,5 мг полифеноли, од кои 28,3 мг се антоцијанин, додека исто количество зелена зелка има 45 мг полифеноли, вклучувајќи 0,01 мг антоцијанин. Изобилува со селен кој го регулира зголемениот крвен притисок, создава антитела при вродените генетски недостатоци, ги неутрализира отровите од тешките метали, делува превентивно против неплодноста кај мажите. Изобилува и со нијацин (Б3 витамин), фолна киселина и цинк.

Зелката делува благотворно при чирот на желудникот, најверојатно зајакнувајќи ја отпорноста на слузницата на желудникот. Таа содржи гефаркат, соединение кое се користи како лек против чир, како и соединение слично на карбеноксолон, уште еден, поретко користен лек за чир. Всушност, овие состојки ги поттикнуваат клетките да формираат тенка бариера која има улога на „штит“ од нападите на желудечната киселина.

Друга можност е дека зелката има и антибиотски својства. Во лабораториските испитувања е утврдено дека зелката уништува низа на бактерии, можеби меѓу нив и ја уништува бактеријата H. pylori, која во денешно време се смета за најодговорна за појавата на чир на желудникот.

Омилено зимско јадење кај нас е сармата, а за добра сарма е потребна добра кисела зелка. Расолот е многу здрав напиток и богат е со витамини и минерали. Често се користи при мамурлук, но и при диети за слабеење, бидејќи го забрзува варењето на храната.

Зелката со вриењето или ферментацијата не ги губи своите корисни состојки. Напротив, некои состојки добри за здравјето се развиваат дури во процесот на ферментацијата.

Млечната киселина која настанува со процесот на ферментацијата го јакне имунолопкиот систем, го регулира варењето на храната, ја обновува цревната флора… Освен тоа, киселата зелка е одличен извор на витамин К, Ц, Б6 и фолна киселина.

Scroll To Top