00028170Многумина од нас се решаваат да одат на гинеколог, откако почнува проблемот. Најголема маана, е тоа што нашето население не оди на лекар превентивно, туку од кога ќе се јават загрижувачки симптоми, кои укажуваат на присуството на проблем . Еве ги најчестите причини да не ја одложувате посетата кај гинеколог :

Болки ниско во карлицата

Болките ниско во карлицата можат да бидат и природна состојба , но и да се јават како симптом на болест. Како да ги препознаете едните од другите?  Претежно по времето во кое се појавуваат. Нормално е да чувствуваме благи до средни болки за време на менструација. Во останатите фази на менструалниот циклус сепак непријатното чувство ниско во карлицата сигнализира за некој проблем , кој може да биде како гинеколошки , така и со друго потекло – андексит (воспаление на внатрешните полови органи ) , циста на јајниците , ендометриоза , бубрежна криза или апендицитис.

Чешање и исцедок

Ако забележите исцедок со силна непријатна миризба, обоено во зелена, сива, кафеава-жолта боја или во вид на млеко, кое обично е придруженосо црвенило и чешање, тогаш веднаш треба да се јавите на лекар. Овие знаци најчесто се сигнал за развој на кандидијаза (габа), хламидоза, бактериска вагиноза или воспаление на јајниците.

Честа промена на партнерите

Честата  промена на сексуалниот партнер значи и поголема веројатност за добивање на инфекции.  Многу од нив поминуваат асимптоматски , но не и без последици. Денес најчестите инфекции се скриени, како што е микоплазма , урејаплазма , кламидија и кои болести, можат да бидат детектирани само со микробиолошко испитување . Честата промена на партнерите, е и фактор на ризик за развој на рак на грлото на матката , предизвикан од онкогенните соеви на хуман папилома вирус.

Прекршување во менструалниот циклус

Поостри скратувања или продолжување на месечниот циклус, кој е во просек помеѓу 28-30 дена, со повеќе од 3 дена е знак за хормонално нарушување. За хормонално нарушување се смета и во случаите, во кои крварењето е обилно и вонредно или пак премногу слабо. Промената во хормоналната позадина може да се должи на стрес, ослабен имунитет, нагло губење на тежината или строга диета.

Избор на контрацептивни таблети

Контрацептивните таблети се хормонски препарати, кои влијаат врз бројни процеси во организмот, затоа при нивниот избор не смееме да се раководиме ниту од рекламите, ниту од советот на пријателка, туку единствено од препораката на гинекологот.

Сподели