urticaКоприва е див вид растение, што се користи со векови за лечење најразлични болести. Нејзините благодети се познати на древните Египќани, Грците и Римјаните кои ја користеле за ревматски болки и артритис.

Копривата е исклучително погодна за т.н. пролетно чистење на организмот. Листовите од копривата може да се конзумираат свежи, како салата, зачинета со лимонов сок и маслиново масло. Може да се конзумира и како свежо исцеден сок или како чај.

Копривата ја прочистува крвта и помага во ослободувањето на токсините од организмот. Научно е докажано дека копривата го намалува нивото на шеќерот во крвта, па затоа им се препорачува на пациентите со шеќерна болест. Влијае поволно и на расположението и ја намалува потиштеноста.

Urtica dioicaПомешана со други билки лечи чирови на желудникот и цревата, ја чисти крвта, го подобрува метаболизмот, ја намалува вознемиреноста и несоницата. Исто така, добар лек е против водената болест, гихтот, болести на црните дробови, бубрезите и несвестицата.

Докажано е делувањето на копривата во запирањето на крварењето, па често се користи при обилни менструации, крварење од матката, при повраќање на крв, крваво мочање.

loading...
Сподели