Слушајте ја волшебната фреквенција на 417 Hz и почувствувајте ја убавината на внатрешниот мир. Фреквенцијата на 417 Hz е прекрасен звук што нè опушта и помага да ја исфрлиме од нашето тело и душа ризичната негативност.

Секојдневно сме изложени на негативни енергетски вибрации, во продавница, на работа, во сообраќајот, а многу луѓе сè уште немаат научено како да изградат енергетски штит, да ја зајакнат својата аура и да се заштитат од темната енергија.

Негативната енергија влијае на нашите органи и клетки, доколку долго се таложи во нас може да го загрози менталното и физичкото здравје.

Затоа е важно да се користат алатки за ослободување од лошата енергија, а една од нив е секако фреквенцијата на 417 Hz.

Како влијае на нас слушањето на оваа фреквенција:

  • Ја отстранува негативната енергија од телото;
  • Ја отстранува негативна енергија од домот и од работниот простор;
  • Ги отстранува негативните мисли;
  • Ги поништува ситуациите со негативен резултат;
  • Носи добра внатрешна промена;
  • Помага во ослободување од стравови и трауми.

Слушајте ја волшебната фреквенција на 417 Hz и почувствувајте ја убавината на внатрешниот мир!