beli-zabi-660x300Од постојаната исхрана, која ни е неопходна за функционирање во устата,  редовно остануваат наслаги од храна, кои се лепат на забите и меките делови во устата. Па затоа, доколку овие наслаги не се отстрануваат редовно и се дозволи тие да се таложат, се создаваат совршени услови за развој на бактерии.

Присутните микроорганизми во устата ги разлагаат органските материи до кисели продукти, кои имаат многу непријатен мирис. Па така, создадената кисела средина допринесува за развој на кариес и заболувања на непцата.

Устата може да биде извор на најразлични бактерии, па затоа заболувањата во устата можат да повлечат безброј други болести и негативно да се одразат на здравјето. Наслагите и остатоците од храна се отстрануваат со редовно миење на забите.

Забите треба да се мијат после секој оброк или најмалку наутро и навечер, за да не дојде до таложење на наслаги и заболување на усната шуплина. За правилна хигиена на забите потребна ви е соодветна четка за заби, која ќе одговара како на вашите заби, така и на вашите непца. Не се препорачува да купувате, било каква четка за заби, бидејќи секои заби и секои непца се различни. Пастата е пожелно да содржи флуор и дозволени абразивни и бактерицидни супстанци.

loading...
Сподели