„Сквиши“ е новата популарна играчка кај децата, но малкумина знаат дека оваа играчка може да биде опасна по животот на децата бидејќи е токсична и предизвикува алергии и разни заболувања.

Покрај составот тие се меки и миризливи и лено може да се скинат, а тоа може да предизвика голем проблем кај помалите дечиња доколку голтнат дел од оваа мека играчка. Ове играчки немаат декларации нити предупредување за тоа од какви материјали се направени.

Сквиши се многу опасна занимација кај најмладите, тие може да предизвикаат алергена реакција најразлични егземи и чешања по телото предупредуваат докторите.

Овие играчки се дизајнирани да личат на вистински слатки, сладоледи, колачиња, овошја, а и мирисаат на најразлични парфеми така малите деца мислејќи дека се вистински може да гризнат, а тие лесно да се скинат. Проблемот е во тоа што ове меки играчки не ни можат да се исперат и се одлично легло за бактерии, велат докторите.

Низ скопските продавници оваа играчка може да се купи од 50 до 600 денари зависност од нејзината големина.

loading...
Сподели