Сите деца уживаат да си играат и собата да им биде преполна со разновидни играчки. Девојчињата се обожаватели на разни кукли, барбики, куќички, сликовници, боенки, додека момчињата обожаваат опасни коли, мотори, камиони. Како и да е, секое мало дете ужива во добрата игра и забава. Уште од мали нозе, тие почнуваат да си играаат со разни играчки кои се многу важни за нивниот развој. Им помагаат во усовршувањето на стекнатите вештини и ги стимулираат сетилата за вид, слух и допир.

igracki

Сепак  многу важно во целата приказна, е дека играчката колку што може да биде корисна и забавна за децата, толку може да биде штетна и опасна. Секогаш родителите треба да внимаваат какви играчки  купуваат и за која возраст. Дел од играчките содржат во себе опасни и штетни хемикалии, а децата ги ставаат постојано во уста. Тоа може да биде штетно за нивното здравје.

Секоја втора детска играчка изработена од дрво не е безбедна за децата токму поради лепилата, боите и лаковите со кои се доработуваат играчките. Од отровите најмногу страдаат детските бубрези, слезината, црниот дроб, а токсичноста за децата е поголема бидејќи се со помала тежина од возрасните. Постојат и ситни играчки кои вашите најмили постојано ги ставаат во уста, при што можат да ги голтнат и да се задават, а работата понекогаш може да дојде и до операција. Исто така, играчките мора често да се мијат, бидејќи децата додека си играат ги ставаат во уста.

Затоа секогаш мора да се внимава какви играчки им се купуваат на децата, за да не им се наштети на здравјето.

 

loading...
Сподели