Ако се одлучите да консумирате исклучиво домашен леб, тогаш ќе избегнете многу индустриски адитиви, а воедно ќе уживате во мирисот кој ќе се прошири во домот.

Овој леб е без глутен и за него не ви е потребно месење, а ќе добиете вкусен и здрав леб кој сите ќе го пофалат.

Потребни состојки:

  • 150g просо
  • 150g оризово брашно
  • 50g пченкарен скроб
  • ¼ лажичка квасец
  • ½ кафена лажичка сол
  • 450ml вода

Начин на подготовка:

Помешајте го брашното, солта и квасецот, па додајте вода, за да се соединат состојките. Тестото оставете го да нарасне, покриено со пластична фолија, околу 12 часа. Готовото тесто треба да е беспрекорно меко и мазно.

Откога ќе постои, тестото лесно преклопете го од сите страни кон средината и оставете го уште 2 часа.

Рерната загрејте ја на 220 степени и ставете го огноотпорниот сад во кој планирате да го печете лебот. Садот нека се грее 15 – 30 минути, во зависност од дебелината.

Потоа, тестото ставете го во загреаниот сад и печете го 30 минути поклопено со капак, а потоа тргнете го капакот го и печете уште 15 минути.

По желба пред печењето можете да додадете семки.

Advertisement