Витаминот ПП и неговото значење за организмот

ВИТАМИН ПП (ПП значи пелагра превентива: тоа е витаминот Б3, познат и како нијацин или никотинска киселина)

Му помага на организмот при апсорпција и искористување на јаглеродните хидрати и има важна улога во циркулацијата.

Народно верување: го намалува холестеролот и болката кај артритисот. Помага во спречување на некои метаболички болести, како дијабетесот. 

Најнови истражувања: никотинската киселина (не други облици на витамин Б3) може значајно да го намали нивото на холестерол. Кај артритисот, значајно влијание имаат само многу високите дози на витамин ПП во тек на најмалку три месеци. 

Препорачливо количество за употреба: (во милиграми) доенчиња 5, деца 9-13, мажи 15-18, жени 14, трудници 14, доилки 16. Токсичност: ниска.

Знаци за недостиг: проблеми со физиолошкиот процес, кожата и психичката состојба.

Мерки на претпазливост: не смее да се зема со алкохол, лекови против висок холестерол (како статинот) и конвулзија. Антитуберколозните и антипаркинсон лекови ја зголемуваат потребата од витамин ПП.

Храна во која најмногу го има: сув квасец, месо, риба, интегрален леб, житни снегулки, грав, леќа, компири, леб.

 ПП е еден од најнеотпорните витамини – се топи во вода, чувствителен е на високи температури и влага. Витаминот Б12 му ја зголемува отпорноста.

Scroll To Top