Витамин К2 за здрави коски и крвни садови !

vitamin k2

Во коскениот систем на човекот, во тек на целиот живот се одвиваат многу интензивни процеси на „ замена“ на старото коскено ткиво во ново, за коската да се одржи цврста. Меѓутоа, во тек на периодот на стареење, тој процес се забавува, односно разградбата на коските е побрза и коската станува послаба. Таа состојба е позната како остеопенија.

Доколку продолжи пропаѓањето на коскеното ткиво, коската станува шупликава и подложна на кршење, односно доаѓа до заболување кое го нарекуваме остеопороза.

Кај лицата кои имаат остеопороза постои поголем ризик од скршеници на коските, а посебно се опасни скршениците на колковите и кичмените пршлени, кои можат да доведат до траен инвалидитет. Остеопенијата и остеопорозата се најчести кај жени во менопауза и кај мажи во зрело доба.

Многу е важно за сите лица кои  имаат остеопенија  на време да почнат да користат препарати кои можат да го одложат или спречат појавувањето на остеопороза. Тоа првенствено се однесува на калциумот и витаминот Д3. Калциумот е еден од основните градивни состојки на коските, а витаминот Д3 помага за неговото вградување во коските.

Scroll To Top