Цедена тиква, грејпфрут и компир – тоа е она што ни треба ова време, за да го зајакнеме имунитетот на организмот и полесно да ја поминеме зимата.

Сок од компири

Од сите јадења што водат потекло од компир, најкорисен е сокот од овој зеленчук во суров облик. Тој особено им е потребен на оние што не можат да се ослободат од пигментните дамки на лицето и на телото, како и оние кои страдаат од гастро заболувања. Корисен е и во случај на гушавост, нарушување на нервниот систем (дури може да се рече дека го подобрува и спиењето) чир на желудникот, заболување на црниот дроб и бубрезите и хипертензија.

Лековитите својства од сокот од компир се условени со тоа што, витамините и минералите во него се чуваат во жив облик и во целост. Најак лековит ефект имаат кртолите на компирот, што растеле на органска подлога.

Вкусот на компировиот сок не им се допаѓа  на сите, но затоа кога ќе испиете половина чаша, пак се чуствувате младо и здраво. Заради подобар вкус, компировиот сок можете да го измешате со други сокови- сок од морков, зелка, јаболко. Лажиче мед , исто така ќе го подобри вкусот .Препорачливо е вака исцедените сокови да се пијат половина час пред јадење.

При мешање на разни сокови, мора да  преовладува сокот од компир . Најдобро е да почнете со две лажици, а потоа во текот на неделата  да ја зголемите дозата на половина чаша сок.

loading...
Сподели