Самиот поглед на крв или игла, понекогаш дури и слушање за туѓо крваво искуство, може да предизвика паѓање во несвест кај некои луѓе. Зошто се случува тоа?

Овој феномен најчесто се илустрира на комичен начин во филмовите, па многу често може да видите сцени во кои мажот паѓа во несвест кога присуствува на пораѓај. Што точно се случува кога некој ќе се онесвести? Личноста која се онесвестува кога ќе види крв доживува вазовагална синкопа – отчукувањата на срцето и крвниот притисок нагло и драстично опаѓаат, а кога притисокот одеднаш ќе опадне се намалува количината на крв што стигнува до мозокот и затоа губи свест.
Но, здравите луѓе може да се онесвестат и ако нема крв на видик. Ако тоа ви се случи без причина треба да одите на лекар, да ја проверите општата здравствена сосотојба.

За оваа појава постојат и други можни објаснувања. Според д-р Фред Џегер од Центарот за синкопа и автономни нарушувања во Кливленд, Охајо, зад паѓањето во несвест кога ќе видиме крв стои наследство од наши далечни предци.

„На пример, ако сте пештерски човек и друг пештерски човек ви ја откине раката, болката и ужасната глетка лесно ќе ве онесвестат“, вели д-р Џегер за NBC News. „И тогаш лежите на земја (во време на пештерските луѓе) изгледате како да сте мртви и другиот пештерски човек нема порив да ви ја откине главата“, објаснува тој додавајќи дека вазовагалната синкопа можеби се пренесувала на потомците на оние кои благодарение на онесвестениот преживеале доволно долго за да се борат и следниот ден, што е совршен пример дека преживуваат само најсилните, пишува Reader’s digest.

Ако ги препознаете знаците кои укажуваат дека наскоро ќе се онесвестите би требало да легнете или да седнете и да ги подигнете нозете. На тој начин гравитацијата работи за вас и мозокот добива доволно крв.

Advertisement