лутење

Се лутите и тоа го правите заради некоја ваша слабост. Некој друг, во исти околности не би се налутил. Toa што ве лути не се другите луѓе или ситуации, туку ве лути тоа што некој или нешто од надвор ве погодилo во раната која не сте ја зараснал , или ви допрел некоја ваша слабост која треба да зајакне. Доколку тие рани или слабости ги нема не би сте се лутиле, не би губеле време и енергија на штетни емоции.

Една од најчестите слабости која предизвикува лутина се предрасудите кои во вас раѓаат очекувања и интерпретации кои не се на место. Дури и тогаш кога некој ќе ви предизвика огромна нeсреќа или направи голема гадост, тоа не мора да биде причина за лутина, кога сте свесни дека лутината е исто така мана. Не можете да ја смените околината, но може да смените како во неа се снаоѓате, како на неа реагирате.

Зошто се лутите на одредена личност, додека други на неа не се лутат? Сите кои се лутат, како причина за своите емоции го обвинуваат некој надворешен фактор. Но, другите притоа не чувствуваат исто, напротив многумина ја сакаат личноста на која се лутите. Значи, вистинска причина за лутината е некој внатрешен конфликт во оној кој се лути, внатрешно незадоволство. Нешто во вас, некои ваши фрустрирачки очекувања, и сл. е тоа што ве наведува да се лутите. Вистинскиот извор на лутина не е во надворешниот свет, туку во внатрешниот. Од таму нема причина за лутина и очекувања од другите да ви осигураат било што, вклучувајќи и ваше задоволство.

Што и да ве лути кај некоја личност, поврзано е со вашите очекувања таа личност нешто ви овозможи, што искрено говорејќи не е должна.Сè што ви треба, веќе е во вас, па кога тоа не го согледувате, очекувате другите да ја пополнат таа празнина која би требало сами да ја пополните. Ако некој ви помогне добро, а ако не и тоа е добро, не мора да се лутите.

Кога превземате одговорност за својот живот, согледувате дека сите ваши очекувања од надворешниот свет се неосновани и дека нема на кого да се лутите. Надворешните фактори може да го поттикнат тоа што веќе е во вас, тие се во својство на иницијална каписла. Длабоката причина за лутина е вкоренета во психата на човекот кој се лути, а не во објектот на лутината. Кога си наоѓате надворешни причини за да се лутите, се ставате во улога на жртва. Ви се случуваат работи кои не ги разбирате. Не разбирате зошто саканиот ве напуштил, изневерил, наштетил, зошто сте добиле отказ, не сте добиле унапредување, зошто сте се разболеле…

Но, треба да разберете, само затоа што нешто ви изгледа како катастрофа, не значи дека за тоа треба да се лутите. И од овие негативни искуства може да имате корист зошто тие искуства ве пренасочуваат во нова насока која во нормални активности не би ја избрале.

Третман. Ако сето ова не ви помогне да ги најдете вистинските причини зошто се лутите, или ако сте ги осознале причините но не знаете што со нив, како понатака, ве советуваме да побарате стручна психолошка помош.

Психолошко советувалиште Тајна

loading...
Сподели