Видете што бебињата можат да јадат на осум месеци?

bebinja 10Во периодот додека бебињата имаат осум или девет месеци, тие можат слободно да јадат намирници, како што се јајцата, сирењето, мешунките, пилешкото месо и рибата. Ограничете некој од намирниците кои се потешко сварливи, на пример спанаќот, леќата или зрнестиот зеленчук. Додека бебињата се хранат со мешунки, немојте да се грижите ако организмот не ги свари доволно. Тука нема ништо страшно. Додека бебето не наполни две години, неговиот дигестивен систем не е во состојба потполно да го свари зеленчукот со лушпи и кората на овошјата.

Со лупење, гмечење и миксирање на овошјето и зеленчукот, многу ќе им помогнете на вашите деца во сварливоста на овие намирници. Кога станува збор за намирниците како што се лебот, брашното, тестенините и оризот обидете се да изберете интегрални наместо рафинирани, бидејќи тие се далеку похранливи. Бебињата кои веќе започнале да јадат добро избалансирана храна, составена од свежи намирници, примаат сосема доволно количество на витамини и минерали.

Advertisement