Видео: Направете си руж во домашни услови!

Ружот за лице е многу важен козметички препарат. Во суштина, најголемиот проблем со овој козметички производ е во начинот на нанесување и на познавање на формата на лицето, како и бојата на кожата. На пример, доколку имате изразито светла или бледа боја на лице избегнувајте темни и бронзени нијанси. Доколку имате темна боја препорачливо е златни и бронзени тонови, додека пак на оние некаде измеѓу светло и темно лице им е најтешко. Не спаѓаат во ниту една од двете групи, па така за нив секогаш треба да се бара златна средина. Односно светли кафеави тонови и малку посилни розе и црвенкасти нијанси, се одлични за тој тип на кожа. Дополнително, многу е важна формата на лицете, дали имате округло или пак долгнавесто лице. Имате ли истакнати јаболчници или пак немате воопшто? Но исто така, тој е и доста скап и од таа причина денеска сакаме да ви споделиме едно видео, кое ќе ви помогне да си напаравите руж во домашни услови. 

Погледнете го видеото:

Advertisement