00031961Ананасот е неверојатен плод што дава задоволство на сите сетила, и е  со пријатен вкус и мирис! Ананасот е амблем на Хаваите . Со него се подготвуваат десерти, овошни јадења, коктели и слично. Денес ќе ви покажеме  како лесно и брзо да си направите егзотичен пијалок од ананас , што ќе ви даде  многу енергија.

Потребни производи:

1 ананас,  1 банана, 1/4 чаша ореви ( по желба ) 250 милилитри млеко со масленост 3,5%, 200 грама природно кисело млеко, 1/ 2 чаша мраз, 1 голема лажица мед.

Начин на подготовка: Излупете го ананасот, бананата,  исечете го на парчиња и смелете ги добро оревите. Потоа измешајте ги сите производи и со помош на блендер, мешајте се додека не добиете  хомогена смеса.

Сподели