Повеќето причини поради кои трне лева рака се нормални, додека не станат сериозни.

Тоа може да биде симптом занекоја болест или оштетување. Ова може да биде предизвикано од притисок на нервите во текот на самата рака, што е најчеста причина.

Срцеви тегоби и удари – трнење на левата рака поврзано со сензации во градите најчесто укажува на срцеви тегоби и неопходно е што побрзо да се посети доктор.

Само трнење на рака не укажува на срцев удар, но сепак треба да се биде внимателен.

Притисок на нервите или оштетување на нервите- во спортот честа појава е длабинскиот хематом кој настанува по удар и пад да предизвика трнење на раката, притискајќи неколку главни нерви на раката. Приклештувањето може да се случи во лактот или зглобот на шаката.

Трнењето на раката може да биде предизвикано и од  недостаток на одредени витамини и минерали во организмот.

Кростењето лекови може да предизвикаат трнење на рацете и нозете.

Појавата на трнење е честа појава кај алкохоличарите, но и кај активните пушачи и конзументи на никотин.

Сподели