Време е да почнете да размислувате за кусите здолништа над колена. Но како да имаме убаво обликувани колена? Пуштете се во акција, редовно применувајте ги следните вежби и постигнете ги посакуваните резултати за кратко време.

Голем исчекор

Овие движења одлично ги зацврстуваат мускулите на колената, задникот и задниот дел на бутовите, кои се важни за обликување на убави колена.

Стоејќи исправено, направете чекор со едната нога далеку нанапред. Спуштајте го телото кон подот како со коленото да го допрете подот, потоа поткренете се назад во исправена положба.Потпирајте се само на силата на коленото на ногата со која сте исчекориле. Најпрво вежбајте исчекорувајќи со десната, а потоа и со левата нога. Најважно е при спуштањето и подигањето на телото грбот да ви остане исправен. Иако вежбата навидум е лесна, не претерувајте затоа што сепак можете да предизвикате мала “мускулна треска”.

На страна

Со оваа вежба ќе ја зацврстите внатрешната страна на ногата, како и мускулите кои се наоѓаат на надворешната страна. На тој начин ќе го “истенчите” делот каде што се спојуваат мускулите и колената.

Испружете се на страна, главата положете ја врз испружената рака, а дланката од другата рака ставете ја пред телото, на подот за да одржите рамнотежа. Кревајте ги споените нозе на по 5 секунди.

Повторете ја вежбата 7 до 8 пати, па потоа завртете се на другата страна.

Со топка…

Целта е да се вежбаат квадрицепсите, долги мускули на задниот дел на бутовите.Одлична вежба за зацврстување на мускулите на внатрешната страна од колената.

Потребно ви е топка, перница, книга или нешто друго што можете да го држите со зглобовите.Легнете на грб, па малку подигнете го горниот дел од телото потпирајќи се на подлактиците. Подигнете ги нозете неколку сантиметри од подот, придржувајќи ја топката со зглобовите. Бројте до пет, па полека спуштете ги нозете.

Вежбата повторете ја десетина пати.

Со “пеперутка”

Мускулите на внатрешната страна од бутовите имаат важна улога, затоа што еден од нив допира до самото колено. Вежбајќи ги неколку минути на ден, можете да ги истенчите и убаво да ги обликувате колената, како и да го разубавите изгледот на кожата.

Со бутовите “фатете” ја малата справа во форма на пеперутка (можете да ја набавите во продавниците за спортска опрема), па седнете и доближете ги колената. Нозете притоа држете ги паралелно, без да ги одделите од подот. Ширете ги и спојувајте бутовите.

Изведете три низи од по 20 повторувања, а меѓу секоја низа држете ги нозете стиснати неколку секунди.

Advertisement