И денес ви нудиме уште еден прекрасен рецепт за сите оние кои се обожаватели на вегетеријанската храна.

Потребни ви се 6 јајца, 1 црвена пиперка, 2 тиквички, 1 компир, 1 главица кромид, 50 грама овчо сирење, оригано, нерафирирано маслиново масло и сол.

Пиперката и кромидот исечкајте ги на коцки, а тиквичките и кромидот на тркалца. Се ова заедно ставете го во тава и динстајте 15 минути на умерен оган, а посолете по вкус. Изматете ги јајцата и посолете по желба, и додадете го изрендано овчото сирење и оригано.

Ставете ја смесата од јајца врз зеленчукот и пржете го омлетот само од едната страна на умерен оган околу 10 минути. Со помош на еден голема чинија, превртете го омлетот и пржете го од другата страна околу 5 минути. Послужете топло.

loading...
Сподели