Постојат луѓе кои не сакаат во својата исхрана и на своето мени да имаат месо и месни прозиводи. Затоа најчесто консумираат овошје и зеленчук со што полесно си го прочистуваат организмот.

Вегетаријанската кујна е доста позната во јавноста, а особено меѓу младите. Затоа и ние почесто ќе пишуваме рецепти за сите љубители на оваа храна.

За да го направите овој лесен пудинг од тиквички спремете ги следиве состојки: 9 тиквички, 2 главици кромид, 1 врзоп босилок, морско оревче, нерефенирано масло, сол мелен црн пипер. Подготовката на овој пудинг започнува најпрво со сечење на кромидот и тиквичките на парчиња, а потоа се заедно сварете на пареа. Потоа изблендирајте ги тиквичките и кромидот, додадете исечкан магдонос, посолете по вкус, па потоа додадете го црниот пипер и морското оревче.

Измешајте ги белките, потоа премачкајте четири мали калапа со масло и во нив сипете ја смесата. Сето тоа ставете го во калапите и во рерна печете ги 45 минути на 180 степени Целзиусови. Откако ќе се испечат  извадете ги пудинзите од калапите и послужете. По ваш вкус можете да ги послужите и топли и ладни.

Advertisement