Како и секој ден, така и денеска ви нудиме нов вегетеријански рецепт со кој ќе си го подобрите како расположението, така и здравјето. За вас имаме еден интересен предлог за јадење кој можете да го направите во само неколку чекори.

Се што ви е потребно за ова вкусно јадење се 3 црни патлиџани, 2 компира, 5 суви домати во масло, 1 чешне лук, 1 китка магданос, 1 врзоп босилок,  нерафинирано масло, сол  и  мелен црн пипер.

Измијте го црниот патлиџан и исечете го на коцки. Излупете ги компирите и исто така исечете ги на коцки. Босилокот, лукот и магдоносот исечкајте ги. Во тава загрејте малку масло и кога ќе започне да врие, ставете ги компирите и пржете ги неколку минути. Потоа додадете го црниот патлиџан и пржете го три минути. Додадете го исечканиот босилок, лукот и магдоносот и исечканите суви домати. Посолете, наросете мелен црн пипер по вкус и пржете половина минута со мешање. Послужете го јадењето топло. Пријатен апетит

loading...
Сподели