zabobolkaЗабоболката носи многу проблеми. Забите болат кога се смеете или лутите, кога јадете или пиете, кога ја мрдате главата во било кој правец. Понекогаш тие болат и кога дишете, бидејќи студениот воздух влегува во устата и поминува преку болниот заб. Причината за оваа болка може да ја утврди само стоматолог. Но, на вас ви е потребно, итно да ја запрете забоболката. Еве неколку совети, кои можат да ви помогнат:

– Жалфија – сварете чај од жалфија и исплакнете ја устата со него. Една лажичка од оваа билка, залијте ја со една чаша врела вода, сварете го чајот и оставете да отстои 10 минути. Потоа, потрудете се што подолго да го задржите овој раствор во устата, на местото каде ве боли забот.

– Прополис – земете мало парче прополис и ставете го на болното место

– Во народната медицина, популарна метода против забоболката е лукот. Ставете чешне бел лук на зглобот на раката и со нешто прицврстете го. Лукот ставете го на спротивната рака од местото, каде што ве боли забот. Болката брзо ќе престане.

– Масажа на раката – земете коцка лед. Масирајте ја раката помеѓу палецот и показалецот, која се наоѓа на спротивната страна од местото, каде што ве боли забот. Доволни се пет до седум минути масажа и болката ќе исчезне.

– Масирајте го увото – со палецот и показалецот масирајте го крајот на увото, од страната каде што ве боли забот. Масажата треба да трае седум минути. Болката брзо ќе престане.

 

loading...
Сподели