Важни фактори за плодноста кај мажите

сперматозоиди

Исхраната на современиот човек земено во просек изобилува со заситени масти, што доведува до намалување на бројот на сперматозоиди. Едно истражување на Харвард тврди дека кај 99 испитани мажи, квалитетната исхрана збогатена со омега-3 довела до зголемен број на сперматозоиди, што ги зголемува шансите поголем број од нив да бидат со нормална структура.

Исто така, познато е дека со стареењето се намалува количината и квалитетот на смената течност. Истражувањата покажуваат дека бројот на спонтани абортуси се зголемува, ако таткото е постар од 35 години. Иако мажите можат да создаваат сперматозоиди и до длабока старост, познато е дека нивната моќ за оплодување опаѓа по 55- годишна старост. Машката плодност може да се намали и многу порано, бидејќи во нејзиното одржување голема улога имаат виталноста, општата физичка состојба и емотивното здравје на мажот.

Плодноста забрзано опаѓа кај мажите кои се пушачи, оние кои консумираат алкохол и наркотични дроги, како и кај оние со вишок килограми.

Затоа се смета дека одржувањето добра физичка кондиција, уживањето во квалитетна храна и доброто расположение се исклучително важни за плодноста на мажите. 

Advertisement