Дали е важно колкава е ширината и големината на женските интимни делови? Дали чувството е различно? Може ли да се влијае на големината?

Додека сите мажи и жени се преокупирани со дебатата околу големина, должина, ширина и користење на пенисот, тие ја забораваат вагината. Иако повеќе од 60% од жените се прашуваат дали големината на вагината е важна, сепак никоја од нив не зборува за тоа. Жените се грижат за големината на својата вагина на ист начин како што и мажите се грижат за големината за својот пенис. Ако пенисот е малку поголем од просечниот, мажот добива комплименти. Од друга страна пак, големата вагината може да биде нарекувана со лоши, понижувачки имиња.

Подложна на промени

Откако еден маж сексуално ќе се развие, т.е. откако ќе го помине оној тежок период на пубертет, големината на неговиот пенис останува повеќе или помалку иста во текот на неговиот живот. Од друга страна, во текот на животот големината на вагината е подложна на промени, кои пак, можат да бидат предизвикани од голем број на фактори. Единствената разлика е во тоа што некои жени успеваат да ги задржат своите вагини тесни со правење одредени вежби за вагиналните мускули, а други жени не обрнуваат големо внимание на тоа.

Невиност

Секоја жена има тесна и мала вагина за време на нејзиниот период на невиноста. Да се ​​изгуби невиноста значи дека мажот добил нешто совршено, нешто што ќе му даде екстремни сексуални возбудувања и нешто што сеуште не е допрено од никого. Но вагината се менува веднаш во текот на првиот сексуален однос. Кај некои жени, промената е проследена со болка, благо крварење, или пак може да нема видливи знаци.

Што влијае на големината?

Големината на вагината е под влијание на голем број фактори. Возраста има ефект врз обликот и големината на вагината. Ако жената е постара, нејзината вагина ќе биде подложени на повеќе промени. Затоа е препорачливо да правите вежби за задржување на тесна вагина од првиот сексуален однос па натака. Вагината е подложна на промени во зависност од сексуалените односи или породувањето. Промена на формата на вагината, исто така, може да биде предизвикана и од гинеколошки проблеми, како и пенетрација со несоодветни или премногу големи објекти при мастурбација. Сите споменати работи предизвикуваат проширување на вагиналните мускули и внатрешните ѕидови на истата.

Тесна вагина ветува подобар секс

Експертите ги поддржуваат аргументите за тесна вагина и вежби за вагината од двете гледни точки, на мажите и жените. За мажите, тесната вагината значи дека пенетрацијата на пенисот во истата, следствено, нуди поголема задоволство за време на сексуалниот однос. Дури, некои експерти тврдат дека, благодарение на тесна вагина, жените се чувствуваат повеќе сакани и поатрактивни за нивните партнери. Исто така, жените кои имаат тесна вагина го чувствуваат пенисот на нивниот партнерот многу поинтензивно, а тоа прави тие почесто да доживуваат оргазам за време на сексот.

Кегелови вежби

Кегеловите вежби помагаат да се задржи виталноста и јачината на мускулните ѕидови во вагината а името го добиле по докторот Арнолд Кегел, кој всушност ги осмислил. Тие вклучуваат стегање на пубококсигелниот мускул и негово задржување додека изброите споро до 3, а потоа опуштате и броите до 5. Времето на задржување на мускулот постепено треба да се продолжи додека не се изброи до 10. Препорачано е да се прават 5 вежби по 3 пати на ден. Резултатите ќе можат да се почувствуваат по 6 до 8 седмици, а тие вклучуваат и подобар секс.

loading...
Сподели