Во типични случаи, еве вака се развива коронавирусот од ден во ден. Бидете внимателни на симптомите и најбитно од се е да не паничиме.

Се започнува со треска. Тоа е симптом што се појави кај сите пациенти заразени од коронавирус, пренесува Business Insider.

Вирусот се прошири од кинескиот Вухан во најмалку 75 земји и го добил името COVID-19.

Студијата спроведена на 140 пациенти во болницата во Вухан покажа вообичаена шема за тоа како се развиваат симптомите на коронавирус.

Околу 99% од пациентите имале треска, а повеќе од половина се пожалиле на замор и сува кашлица. Околу третина од пациентите изјавиле дека имаат болки во мускулите и потешкотии во дишењето.

Кинескиот центар за контрола на инфекции објави дека 80 проценти од случаите се релативно благи. Околу 15% од пациентите имале потешки случаи, додека останатите пет проценти биле критички болни.

Во типични случаи, еве како се развива коронавирусот од ден.

1 ден

Пациентот добива треска, исто така може да почувствува замор, болки во мускулите и сува кашлица. Малкумина заразени, исто така, имаат гадење на ден или два пред тоа. Околу 10% од 138 пациенти имале дијареја или гадење.

5 ден

Пациентите може да имаат потешкотии при дишењето, особено ако се постари или имаат здравствени проблеми порано.

7 ден

Во просек, ова е период во кој пациентите се примаат во болница, според студијата на универзитетот Вухан.

Ако исто така чувствувате болка во градите или притисок на седмиот ден, немате воздух или имате сини усни и лице, треба да побарате лекарска помош.

Исто така, пациентите со полесна форма на корона (85 проценти од заразените) почнуваат да се чувствуваат подобро во овој период додека симптомите се намалуваат.

Ден 8

Во овој период, овие 15 проценти од пациентите со сериозен развој на коронавирус развиваат синдром на акутен респираторен дистрес, т.е. акумулација на течности во белите дробови (едем). Тоа е итен случај што може да се појави кај луѓе кои претходно имале здрави бели дробови.

10 ден

Ако симптомите се влошат, пациентите ќе бидат примени на интензивна нега во овој период. Пациентите исто така пријавиле болки во стомакот и губење на апетит во овој период.

17 ден

Оние пациенти кои се опоравуваат се ослободени од болницата по околу две и пол недели.

“Бизнис Инсајдер“ забележува дека првите симптоми не мора да доаѓаат веднаш кога некое лице е само заразено.

Просечен пациент може да биде заразен пет или повеќе дена и само тогаш ги покажува првите симптоми.