Урмите – кралот на овошјето

urmi12

Урмите имаат широк спектар на здравствени и нутритивни вредности и од таа причина според некои научници го заземаат заслуженото прво место -најдобро овошје.Во минатото урмите се нарекувале и  „лебот на пустината“, а потоа научниците докажаа дека ова овошје има и голема хранлива вредност.

Богати се  со : калциум, магнезиум, железо, бакар, фолна киселина… Го  зајакнуваат  организмот,  го  намалуваат  нивото на холестерол во крвта, го  штитат  стомакот  од  паразити и бактерии. Најдобро е да се јадат  на празен  стомак за да може нејзините состојки подобро да се  искористат.Урмите се прекрасен извор на растителни влакна кои му се неопходни на организмот и ја регулираат работата на цревата. Природниот шеќер кој се наоѓа во урмите е совршена алтернатива на обичниот. Урмите лесно се варат и го намалуваат чувството на глад. Поради убавиот состав што го има ова овошје  може да го користат и децата и возрасните. Од анемија, преку покачен крвен притисок, холестерол, па се до карцином. Скоро да нема болест, при чие лекување урмите не се добра подршка.Слободно можеме да  кажеме дека урмите се природни мултивитамински таблети.

Сирупот од урми служи и како лек против слабо срце  и за терапија на сексуална истоштеност. Кога ќе се помеша со млеко и мед, урмите може да служат како тоник за третирање на сексуална немоќ за двата пола, а таквиот сируп го зајакнува телото и го покачува нивото на енергија. Во Африка уште одамна е познато дека урмите ја зајакнуваат матката и го олеснуваат породувањето,па од таа причина се препорачува на бремените жени месец дена пред да се породат да јадат секој ден барем по 5-6 урми.

Advertisement