ureaplazma
Уреаплазмата е микроорганизам што се пренесува преку полов контакт и затоа се сместува во групата СПБ. Не сте заштитени и ако користите исти предмети со заразениот партнер. Тоа значи подалеку од неговиот пешкир, постела и некое време заборавете на допири со интимните органи. Доколку инфекцијата е слаба, испитувањето се врши преку анализа на мочта. Доколку се работи за асимптоматски инфекции, кај кои е незначително зголемен вагиналниот секрет, уреаплазмата најчесто се докажува со земање брис од вагината и негово микроскопско испитување.


Симптоми:

1 .Болка или напнатост во долниот дел на стомакот.

2. Зголемен вагинален секрет.

3. Болки при полов однос.

4. Мачнина и повраќање.

5. Зголемена телесна температура.

6. Неправилни менструални крвавења.

7. Тешкотии при мочањето (често мочање и печење при мочање).

Инфекцијата се лекува со антибиотици. Додека терапијата не заврши, потребна е апстиненција од сексуални односи, инаку постои голем ризик од реинфекција. Избегнувајте хемиски иританси, јаки шампони, вагинални тампони, сè што може да ја надразни вагината.  Не избегнувајте ја употребата на кондом иако долго време сте заедно.Одбирајте сауни, базени, солариуми, козметички салони, лекарски ординации…во кои хигиенските услови се на високо ново. Практикувајте редовна посета на гинеколог за рано откривање на инфекцијата.

Доколку  сакате да имате дете, треба да нема присуство на инфекција бидејќи таа може да ја комплицира бременоста и да доведе до некои несакани последици.

 

loading...
Сподели