Медот е чудесна храна. Неговата употреба не се ограничува само на јадење. Неговата моќ може да се употреби и за други работи како на пример за лечење рани, топење масти и губење тежина, омекнување на кожата…

Еве неколку примери за тоа како се може да се користи медот.

ЗАСЛАДУВАЧ

Медот може да се користи наместо шеќер во храната и пијалаците затоа што содржи слична количина на гликоза и фруктоза.

ИЗВОР НА ЕНЕРГИЈА
Докажано е дека кога имаме потреба од енергија, медот може веднаш да ни ја обезбеди. Една лажичка мед содржи 64 калории за разлика од шеќерот кој содржи 50 калории.

ЗА НАМАЛУВАЊЕ ТЕЖИНА
Можеби нема да ви се верува, но вистина е. Да, медот има повеќе калории од шеќерот. Но, доколку се консумира редовно со млака вода, веднаш ќе ги забележите резултатите.

ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ
Истражувањата покажуваат дека медот ја зголемува физичката активност и за зацврстување на мускулите треба да се консумира по тренингот.

ЗБОГАТУВА СО МИНЕРАЛИ И ВИТАМИНИ
Медот е богат со витамини како витамин Ц, Б3, Б2 и калиум.

НЕГА НА КОЖА
Медот во комбинација со млекото прават чуда за секаков тип на кожа.Медот на навлажнува и омекнува кожата и и дава прекрасен сјај.

ЛЕЧЕЊЕ РАНИ
Уште од дамнешно време, медот се користел како лек за третирање на рани, исекотини и други видови на надразнувања.

ИСКЛУЧОК
Мед не треба да се дава на деца под 1 година затоа што медот може да предизвика сериозна медицинска состојба.

Advertisement