Улогата на цинкот во организмот

cink11

Цинкот се наоѓа во секоја клетка и тој е неопходен за правилно функционирање на организмот. Но, поради неправилната исхрана и забрзаниот и стресен начин на живот, недостигот од овој елемент во организмот станува се поголем проблем.

Тој е составен дел на голем број ензими што учествувале во виталните процеси на организмот, како што се синтеза на протеините, функционирањето на гените, транспортните и метаболитичките процеси. Учествува и во создавањето на речиси сите хормони, а неопходен е и за функционирањето на клетките на коскеното ткиво и на кожата.

Во мозокот, цинкот се однесува како стабилизатор на расположението и смирувачки делува на нервниот систем, а учествувајки во синтезата на протеините го потикнува и растот и развојот. Значаен е и за регулирање на хормоните во организмот.

Исто така, покажува и особини на стимулатор на имунитетот, така што повеќекратно го зголемува нивото на специфичните одбрамбени ситуации, од една страна, а од друга страна, пак, затоа што директно се врзува за обвивката на некои вируси  ја спречува инфекцијата.

Цинкот ја потикнува регенерацијата на коските, а на кожата и слузокожата делува против микроорганизмите, исушувајки и стегајки ја површината на кожата и слузокожата.

Освен тоа, цинкот е добар антиоксидант затоа што ги заштитува клетките од штетните фактори, а одличен е и за детокцикација , со оглед на фактот дека го намалува преминувањето на бакарот и на другите тешки метали од цревниот систем во крвта.

 

Scroll To Top