zosto decata kasaat
Сигурно на сите ви се случило да видите мало дете како го каса своето другарче или пак можеби вие сте биле „лошото“ дете што ги касало другарчињата. Касањето е честа појава во детското однесување. Слично како и удирањето и тргањето на косата на другите, и касањето е агресивно однесување кое до одреден степен е нормално. Но, тоа не значи дека треба да биде игнорирано. Колку побрзо реагирате, толку помалку ќе треба да се соочувате со непријатни ситуации дома или во градинка.

Мора да му објасните на детето дека касањето е болно и да нагласите колку многу болка создава неговото касање кај другите. Покажете му дека касањето е апсолутно погрешно и неприфатливо и дека не им се допаѓа ниту на мама, ниту на тато. Немојте да слушате совети од типот да му возвратите со касање, за така да сфати дека е болно. Запомнете дека децата учат со имитирање, ако вие касате, тоа ќе каса уште повеќе.

Ако откриете дека вашето дете каса од фрустрација, обидете се да му дадете алтернатива во нејзинито изразување. Иако јазикот сеуште е тешка задача за децата на оваа возраст, повеќето од нив можат да научат зборови кои се прифатливи за таква ситуација. На пример, можете да му објасните нешто слично како овие примери: Треба да им кажеш на мама и тато дека ти е потребна помош, наместо да не касаш… Покажи и на мама што ти треба, но немој да касаш. Ако ја касаш мама ќе ја повредиш, а знам дека не сакаш да повредуваш, нели? Помогнете му да научи да ја изразува својата фрустрација со зборови како: лут сум, тоа е моја играчка и сл.

Стручњаците се согласуваат дека на касањето не треба да му се даде преголемо внимание за да не почне детето да го користи како начин да добива внимание. Ова важи за секое однесување, кое не сакате да се повторува. Понекогаш на детето ќе му годи било какво внимание, па макар и негативно.

Бидете цврсти во ставот и истрајни во објаснувањето дека касањето не е дозволено, дека е погрешно и дека ги повредува луѓет

loading...
Сподели