Тунел карпален синдром

На оваа тема пишува Спец. Д-р Тони Талевски, специјалист по ортопедија и лиценциран вештак по ортопедија и трауматологија. Автор е на повеќе публицирани научни трудови од областа на ортопедијата во земјата и странство меѓу кои поважни се: Osteoid osteoma во детска возраст кај коски на стапало; Acta orthopedica et traumatologica Macedonica – T.Taleski, G.Zafiroski,M. Samardziski 2005 год.; Internal derangement of the knee-challenge or dilema vis a vis orthopedic surgeons – Dzolev G,T.Taleski, Gj.Markoski, M. Popovska, A.Doreski 2011 год.; -Dicsus hernia: diagnosis, menagment and treatman Taleski, D.Nikodijevikj, M.Popovska 2013 год. Спец. Д-р Тони Талевски има над 15 годишно работно искуство во областа на ортопедијата, а моментално е носител на дејноста специјалист по Ортопедија во Поликлиника НЕУРОМЕДИКА.

Спец. Д-р Тони Талевски е дел од врвниот тим на Поликлиника НеуромедикаНеуромедика е прва приватна поликлиника во Р.Македонија која успешно работи веќе 23 години. Таа им овозможува примарна и секундарна здравствена заштита на своите пациенти во своите 7 поликлиники. Поликлиничко-дијагностичката дејност е лоцирана на две локации во Скопје (Центар и Влае), Поликлиничко – дијагностички центар во Битола, Поликлиничко – дијагностички центар во Тетово, Поликлиничко – дијагностички центар во Куманово, Поликлинички центар во Штип и Дијагностички центар во Кукуш-Грција со ординации од општа пракса и специјалисти од сите области. Неуромедика има повеќе од 100 вработени лица со високо стручна подготовка: лекари специјалисти и супспецијалисти од различни области, лекари општа пракса, медицински сестри, менаџерски тим и дополнителна администрација.

Тегобите кои се јавуваат во дланката пропратени со болка и трнење по прстите, како и чувство на намален фин осет за допир, топло и ладно често пати ја отежнуваат функционалноста на моториката на прстите и шаката. Истите се резултат на т.н. каналикуларни синдроми на шаката при кои завршните периферни нерви врвејќи низ нерастегливи коскено фиброзни канали низ рачјето од шаката даваат исклучително болна симптоматологија.

Симптоматологијата е зависна од нервот кој е афектиран. Кај тунел карпалниот синдром, симптоматологијата се манифестира на првите три прсти (палец, показалец и среден прст) поради афекција на n.medianus (средишниот нерв од вратниот плексус) кој врви низ каналот на рачјето од шаката . Ризикот за појава на овој синдром е кај 8-10% од населението, а кај жени е три пати почест отколку кај мажи.

Причините за манифестација на овој болен синдром на шаката се многубројни. Секоја промена која предизвикува стеснување на каналот од рачјето ограничен со нерастегливи коскени формации од една страна и фиброзна трака премостена преку коските од рачјето од друга страна доведува до комресивна невропатија на средичниот нерв. Разните пренапрегнувања при бимануелни активности доведуваат до задебелување на овојниците на тетивите од мускулите свиткувачи на прстите и шаката, поради што денес тунел карпалниот синдром се вбројува во професионални заболувања поради зачестена работа на компјутер со неприлагодена ергономија и поставеност на дланките врз работната површина.

Тунел карпалниот синдром почесто се јавува при состојби со хормонален дисбаланс (бременост, менопауза), кај дијабетичари, кај пациенти со  дисфункционалности на штитната жлезда и проблеми со бубрезите, при воспалителни реакции во рачјето или како посттравматска компликација кај фрактури на рачен зглоб.

Клиничката манифестација во поголем број на случаи започнува со чувство на боцкање во јагодиците од прстите, најчесто на средниот прст, за подоцна да се прошири како трнење или чувство на жаречки болки во првите три прсти од шаката, со губење на силата за стисок и најчесто неволно испаѓање на предмети, кои се држат во дланката. Болката која е локална во пределот на рачјето, често пати може да иридира и да зрачи кон подлактицата, па дури и до вратната регија.

Првите симптоми се редуцираат најчесто при лесна масажа на дланката или протресување на шаката, со што исчезнува трнењето. При подолготрајна афекција на нервот доаѓа до губење на мускулната сила на палецот и шаката, со што се редуцира квалитетот на живеење и се оневозможени и вообичаените основни дневни активности (сечење на леб, користење на мобилен телефон, отворање на конзерва и сл.)

Дијагностиката, која освен со клинички преглед и постоење на позитивни знаци за компресивна невропатија се потврдува и со невролошки тестови за испитување на спроводливоста на нервот од типот на ЕМГ и ЕНГ (електромиографија и електронеурографија) и кои се валидни евалоризациони методи за прецизирање на каналикуларни синдроми.

Терапијата во почеток се состои во ординирање на аналгетска и витамино терапија, спроведување на физијатриски процедури за подобрување на трофиката на афектираниот нерв и аплицирање на ортоза, која во тек на следователни две седмици оневозможува превиткување на дланката во рачниот зглоб при секојдневни активности.

Оперативниот зафат не е облигаторно решение зашто при акутни болки кои не се смируваат со таблетарна терапија се аплицира локална кортико терапија, која има за цел да го редуцира притисокот во каналниот простор на рачјето.

Крајно решение за ослободување од овие болни синдроми е оперативен зафат, кој се изведува во локална анестезија со запазување на стерилни каутели за работа во операциона сала. Оперативниот зафат се изведува по конвенционален пат со кожез рез од 2-3 цм. Во последно време се применува и ендоскопска метода со минимален кожен рез, заради што пациентите побргу се враќаат во секојдневните ангажмани, иако оваа метода носи повеќе ризик поради можност од повреда на нервот, недоволно проширување на тунелниот простор од каналот на рачјето со следна повторна ревизија за ослободување на нервот.

Во превентивни мерки се препорачува  избегнување на преголеми напори со шаката и работа со запазување на ергономски особености при бимануелните активности.

Во склоп на каналикуларните синдроми на шаката со исти особености е т.н. Гијонов синдром поради афекција на лакотниот нерв од раката во предел на рачјето со клиничка манифестација на малиот и домалиот прст од афектирана дланка.

Спец. Д-р Тони Талевски извршува ортопедски прегледи, со најсовремена медицинска апаратура (магнетна резонанца, компјутерска томографија, рентген) поставува дијагоза и третман на ортопедски проблеми и извршува домашни посети на пациенти. Закажете преглед на телефонскиот број: 02/2 042-323 www.neuromedica.com.mk

Спец. Д-р Тони Талевски

Специјалист по ортопедија

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

www.neuromedica.com.mk

https://www.facebook.com/PZUNeuromedica

Advertisement