Цвеќињата внесуваат позитивна енергија во домот!

Повеќето од луѓето обожаваат да чуваат цвеќиња дома. Некои до таа мера се опседнати со овие растенија што целата куќа им е преплавена со различни видови на цвеќиња. Меѓутоа, постојат луѓе кои не обожаваат во своја близина да имаат цвеќиња, сметајќи дека на тој начин им се прави само гужва по дома.

Како и да е, постојат верувања дека домот исполнет со цвеќиња носи енергија и влијае позитивно на расположението.

Од многу одамна е докажно дека цвеќето позитивно влијае на здравјето, а тоа го покажуваат и бројни денешни стручни лица од разни области

Дека цвеќето може да го намали стресот, бучавата, го прочистува воздухот, го спречува дејството на прашината, шири пријатен мирис, го впива електромагнетното зрачење и ја отргнува негативната енергија-потврдуваат бројни истражувања, меѓутоа и стрчњаците за фенг-шуи.

Сепак внимавајте со билките, доколку имате домашни миленици или мали деца, тогаш некои билки не треба да се одгледуваат.Треба да се води сметка за алергиите кои одредени цвеќиња можат да ги предизвикаат. Исто така квадратурата на станот диктира колку цвеќе можете да одгледувате, затоа што не треба да се претерува со количината на цвеќето (го завзема просторот и воздухот)

Advertisement