Главната состојка на виното, ресвератрол влијае врз клетките на организмот. Нема сомнеж дека тој може да ги активира клеточните функции кои го прават организмот поотпорен спрема процесот на стареење, сметаат научниците од Универзитетот Харвард. Истражувањето е спроведено со помош на лабораториски глувци.

Нивото на ресвератрол во црвеното вино не е многу висок. Во еден литар содржи 2-12.6 милиграми од оваа состојка, додека подмладувачкиот ефект настапува кога состојката е најмалку 250 милиграми.

Црвеното вино е вид на вино направено од црвени сорти на грозје. Бојата кај црвените вина може да варира од интензивна виолетова, типична за младите вина, па се до цигла боја, карактеристична за зрелите вина и речиси кафена кај постарите вина. 

Можеби не сте знаеле, но црното вино можете да го употребите како тоник, кое ќе ја направи вашата кожа мазна и мека.

loading...
Сподели