Во народната медицина се употребува целата билка заедно со коренот против разни воспаленија на цревата, бубрезите и мочните патишта, против пролив, крвава столица и крвава мокрача.

Исто така се употребува за неуредна менструација кај млади девојки, за неплодност, за зајакнување на срцевиот мускул и намалување на крвниот притисок. Највеќе го употребуваат против стерилитет. Од него се прави чај и за него велат старите дека многу помага.

Чајот се припрема така што една кафена лажица се прелива со 100 мл топла вода (или околу 70 %), па после тоа се остава да отстои барем 20 мин. Се процедува и се пие.

И  двата партнери треба да пијат од вака изготвениот чај 3 пати дневно по еден филџан  најмалку една недела, за што многу луѓе се задоволни од овој напиток.

Advertisement