Црниот дроб има многу витални функции како битен орган на нашето тело.

Задолжен е за производство на соли во жолчката, пигментите и излачување од жолчката, без кои варењето е незамисливо. Игра многу важна улога во метаболичките процеси, пренесување и користење на масти.

Го чува железото и многубројните витамини како што се А, Д, К, Е, сите од Б комплексот, а особено Б12. Откако лековите ќе го достигнат своето дејство црниот дроб ги елиминира лековите.

Во форма на гликоген, ги складира шеќерите неопходни за организмот. Кога на организмот му “фали”, складираниот гликоген се претвора во гликоза и се користи во енергетски цели.

Го спречува дејството на отровите кога ќе навлезат во организмот и ги исфрла преку жолчката.

Advertisement