Многу разгранета, трнлива, листопадна грмушка, висока од 0,5-3м. Гранките се многубројни, распрени, преплетени и многу трнливи. Кората е мазна и црна по боја. Листовите се прости , долги од 2 – 4 см.

Цветовите се бели, единечни, многу ароматични и многубројни. Цвета во мај – април, а плодот зрее во септември – октомври. Плодовите се берат кога се зрели и можат да се користат и свежи, но препорачливо е да ги користите исушени.

Се чуваат во хартиена амбалажа. Трнинката во себе содржи многу лековити својства, и поради тоа доста е застапена во нашите краеви. Се користи за чај, а од неа се прават многу вкусни сокови, компоти и џемови.

ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА 

Чај од цветови на трнинката се користат против зголемена простата и против болести на уринарните патишта.

Плодовите се користат при заболување на органите за варење, лекуваат ефикасно проливи, помагаат  при воспалување на тенкото црево, ги намалуваат  крварењата и воспаленијата, ефикасни се за лекување на хронично воспаление на дебелото црево, и  притоа се намалува крварењето, грчевите и болките и се проретчува столицата.

Плодовите можат да се користат и во стоматологијата за лекување на болни непца. Бидејќи во себе содржи големо изобилство на витамин Ц и железо, таа е извонреден лек за слабокрвност, анемија и за јакнење на организмот.

ЧАЈ

Се земаат 4 супени лажици суви плодови од трнинки кои се ставаат во литар вода, вријат 5-10 минути, после тоа отсојуваат уште половина час и чајот е готов. Се пие засладен со мед, и се користи за стомачни заболувања, за анемија, но и за подобрување на имунитетот.

ВИНО ОД ТРНИНКИ

Подготовка: 1 кг трнинки се потопуваат во 5 литри вода. Трнинките се оставаат да ферментираат во некој поголем сад покриен со тенка газа. По изминати 15 дена, течноста се прецедува низ цедалка и се складира во стаклени шишиња.

Се пие наутро, по половина чаша секој ден. Ова вино се покажало како ефикасно за лекување болести на женските органи и како голем лек против дијабетот.

Advertisement